Specijalni čelici (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo: Mašinski fakultet, Goce Delčev

Специјални Челици
Во специјални челици спаѓаат голем број на нелегирани, легирани и високолегирани челици кои со својот состав, структура и особини се прилагодени на посебни услови на обработка или на посебни услови на работење.
ЧЕЛИЦИ КОЈ НЕ РЃОСУВААТ
Нерѓосувачките челици се високолегирани челици. Главни легирачки елементи се хром, никел, силизиум и алуминиум. Секој од овие елементи има особина да на површината на материјалот направи оксидна превлака која го заштитува од корзија. Кога овие елементи во челикот ги има во доволни количини (хром преку 12,5%; никел до 20%; силициум преку 11% и алуминиум преку 5%) на површината се појавува саштитна скрама (превлака).
Најдобри нерѓосувачки особини имаат челиците кои освен заштитната скрама имаат уште и хомогена, еднородна структура во основниот материјал.
ХРОМ НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИЦИ
Хромот е главен нерѓосувачки елемент кај нерѓосувачките челици. Во зависност од содржината на хромот и содржината на јаглеродот во челикот зависат и нерѓосувачките особини на челикот.
Содржината на Cr до 4% во челикот нема скоро никакво влијание на корозивната стабилост на челикот. Полунерѓосувачките челици во себе содржат од 5-10% Cr, додека челици кои во себе содржат повеќе од 12,5% Cr се нерѓосувачки челици. Учеството пак на јаглеродот кај нерѓосувачки хром челици е од 0,1-0,2%. При иста содржина на Cr во челикот, што е помалку јаглерод во челикот, толку е поголема корозивната стабилност.
Отпорност на корозија е поголема ако е поголема и количината на хром растворен во решетката на железото и доколку се карбидите ситнозрнести (Cr4C; Cr7C3 и др.) и рамномерно распоредени во структурата на челикот. Полунерѓосувачките хром челици со 5-10%Cr и до 0,15%C после калењето на воздухот ја добиваат мартензитната структура. Овие челици ако во себе имаат и додаток на Mo, Si, Al, Ti или Nb имаат добра отпорност према атмосверска корозија. Челизи со 5%Cr се користат на температури и до 600C, а со 10%Cr и до 700C.
Нерѓосувачките хром челици (повеќе од 12,5%Cr) према структурата се делат на:
Мартензитни со 13 – 14% Cr
Полуферитни со 16 – 18% Cr и
Феритни со 26 – 28% Cr
Мартензитните челици најдобрите корозиони особини и тврдост ги имаат после калењето на температура поголема од 1000C. Челиците со 13 – 14%Cr и со помалку од 0.15%C се користат за производство на предмети и делови кои се изложени на ударни оптеретуванња и на корозија (турбински лопатици, клипови на хидраулички преси и др.)
Полуферитните челици (16 – 18%Cr) се користат за производи од кои се бара зголемена отпорност на абење и зголемена отпорност на корозија (вентили, апарати за производство на азотна киселина и др.). Кртоста на полуферитните челици на високи температури се одстранува со додавање на Ti и Nb.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!